Дневен хороскоп за 5 јули

By

Овен

Овој викенд ќе бидете особено зафатени. Ќе сакате да бидете на сите страни одеднаш. Потребен ви е одмор, претераното работење може да ви го влоши здравјето. Побарајте помош од колегите или соработниците, тоа нема да ја ослаби вашата позиција, дадете си време само за себе за да го вратите вашиот фокус.

Бик

Ќе ви биде доделена некоја важна задача која ќе ви помогне да се истакнете и докажете. Проширете ги вашите видици така што ќе се посветите во учењето на нови нешта. Ќе бидете изненадени од вашата способност на помнење на нови интересни нешта. Ќе ви годи медитација, јога и нешто кое ќе ја подобри вашата концентрација.

Близнаци

Не дозволувајте конфузијата во вашата врска да ве предизвикува. Доколку поседувате некои недоумици околу вашиот љубовен живот, најдобро ќе е да разговарате отворено за тоа. Најлесниот начин да ги решите ваквите дилеми е да побарате нечиј совет. Не чувствувајте срам да се консултирате со специјалист во овој домен, советот од професионалци е секогаш најдобра опција. Вашите финансии не можат да ги задоволат вашите апетити во моментов, трошете разумно.

Рак

На некој ваш близок, роднина или член од семејството му е потребна вашата помош. Внимавајте да не се вознемирувате премногу и останете што е можно посмирени додека се обидувате да им помогнете. Ќе биде потребна ваша согласност околу потпишување на некој деловен договор, размислете добро. Можеби ќе сакате да продадете некоја ваша сопственост поради поголема добивка.

Лав

Ќе морате да го реорганизирате вашиот распоред. Имате закажно многу повеќе планови и обврски отколку што можете да поднесете а тоа може да доведе до проблеми околу вашата функционалност. Разумно распоредете ги задачите и побарајте помош таму каде што ви е неопходна. Можно е некој ваш пријател да ви создаде нервоза поради својата брзоплетост, немојте премногу да размислувате околу тоа.

Девица

Не дозволувајте вашите колеги да ви го оттргнуваат вниманието од вашите задачи. Немојте да се присилувате себеси да работите под притисок. Работете во тивка и смирена атмосфера без многу разговори, тоа ќе е најдобриот избор за вас во овие два дена. Колку помалку луѓе во вашата околина, толку поефикасно ќе ги завршите сите работни обврски.
Ако имате некои препреки во некоја ваша нова љубовна врска, полека ќе почнуваат да исчезнуваат.

Вага

Ќе им бидете извор на позитива на вашите пријатели. Имате моќ да го наоѓате вистинското решение за сите проблеми. Вашата моќ на убедување е магнетизирачка. Ќе ја употребувате за да добиете се што ќе посакате. Не препуштајте ништо на шансите.

Скорпија

Иако обожавате да работите, ќе се чувствувате особено летаргични. Некои промени на работното место ќе направат да го изгубите интересот и фокусот. Потребно ви е нешто кое ќе ве врати назад во колосек. Зближете се повеќе со колегите кои ве инспирираат. Истражувајте ги интересите кои ве прават посреќни.

Стрелец

Ќе сакате да бидете поблиску до оние кои ги сакате, но вашата ранливост ќе ги оттурнува подалеку од вас. Ова не е лесна задача за вас. Ќе почувствувате непочитување од некој ваш соработник. Можеби сте биле премногу дарежливи спрема нив во минатото. Сте дале премногу од вас а сте добиле премалку благодарност за возврат.

Јарец

Игнорирањето на ситуацијата нема да го реши проблемот. Напротив, ќе го направи уште полош. Искажете го она кое го стегате во себе. Запрашајте се себеси што вистински сакате и движете се в таанасока. Очекувате некои физички аспекти од љубовта да ве иполнат емоционално. Тоа нема да успее. Се плашите дека вашиот партнер ќе стане премногу независен, ќе бидете лути поради тоа што присуствува на социјални настани без вас. Не дозволувајте несигурностите да ви ја уништат врската која сте ја граделе долго време.

Водолија

Ќе бидете збунети и во недоумица околу некој договор кој треба да го потпишете. Тајната е во деталите. Проучете го подобро и размислете околу она кое што се нуди. Иако се обидувате да заштитите некого така што ќе ја сокриете вистината од него, тоа нема да резултира добро на долга патека. Искажете ги отворено своите чувства.

Риби

Употребете ја вашата креативна имагинација за да решите некој ваш проблем. Решението на проблемот не само што ќе ви помогне туку и ќе ве зголеми во очите на вашите соработници. Тоа ќе ги подобри вашите услови за работа. На вашиот миленик му смета вашата мрзеливост и апатија. Немојте да живеете по стандард, ако сметате дека нешто ве задржува, ослободете се од одговорноста и продолжете понатаму.

Ќе ви се допадне