Дневен хороскоп за 5 септември – Рибите со нова љубов, вагата во потрага по пари

Овен
Никој друг не е виновен ако самите сте донеле погрешна одлука околу нешто. Превземете одговорност и бидете зрели, нема смисла целиот живот да ја префрлувате топката на нечиј туѓ дел од теренот. Грешките се составен дел од животот, тоа се однесува како на работата така и на љубовта и пријателите.

Бик 
Сте и дозволиле на една личност да има големо влијание врз вас, дури и повеќе отколку што сте очекувале и сега не знаете како да го поправите тоа. Дистанцата можеби е единствениот логичен чекор. Ако ви е потребна помош, немојте да се срамите да ја побарате, било да се работи за работата, љубовта или семејните односи. Има луѓе кои се грижат за вас.

Близнаци 
Сочувајте ја гордоста и фрлете се во потрага по друга работа, понекогаш не е точна изреката дека подобро е врабец на рака отколку гулаб на гранка. Животот поминува, а вашите амбиции не се остваруваат. Контролата не смее да биде основа на љубовните врски, оставете му простор на вашиот партнер, секој има право на своја интима и самостојност.

Рак 
Деловните односи не се на завидно ниво, но се трудите да бидете коректни спрема другите и тие спрема вас. Денес нека остане така. Доколку вашиот партнер не сака да го прифати она кое вам ви смета, морате да пронајдете решение или компромис да го надминете тоа.

Лав
Слушајте ги советите од своите деловни партнери, сакаат да ви помогнат иако вие мислите дека ви работат зад грб. Прифатете ја критиката, не сте совршени и немате решение за секој проблем. Успехот од една врска не зависи од самата основа и не е лесно да се одржи. Почитта и компромисите се дел од љубовниот однос и ако тоа не го сфаќате, ќе морате да го промените мислењето.

Девица 
Многу можности се пред вас, а од вас зависи дали ќе бидете желни да превземете ризик и да се помрднете од мртва точка. Усовршувањето е неизоставен дел од сечија кариера. Ќе се разочарате од некоја блиска личност и нејзините постапки, иако во почетокот ќе ви биде тешко, добро е да ги изнесете нештата на виделина.

Вага 
Амбициозни сте, но сеуште немате развиен натпреварувачки дух и желба да се тркате со соработниците. Сепак, морате да сфатите дека во дваесет и првиот век тоа едноставно мора да биде така. Емоциите не можат да се форсираат онаму каде што ги нема. Оставете другата личност да го живее својот живот.

Скорпија 
Иако се трудите да им угодите на сите, тоа едноставно не е возможно. Морате да одлучите дали сакате да напредувате или да тапкате по грбот. Имате желба да промените нешто на љубовен план, но немате разбирање од партнерот да го спроведете во дело.

Стрелец 
Морате да прифатите некои нови задачи ако сакате да покажете дека сте подобри од вашите деловни соработници. Љубовниот партнер го цени вашиот труд што му посветувате време и внимание.

Јарец 
Одлучете дали сте личност која е кариерист или сакате да бидете добар пријател. Тоа понекогаш не оди едно со друго на работното место. мирен ден со партнерот е она кое всушност го посаувате.

Водолија
Барате начин да бидете сами свој шеф, но другите ве притискаат да ја промените кариерата иако тоа не го сакате. Вие барате од партнерот да ве поддржи во она кое го сакате. Но тој не ве поддржува, разговарајте со него и потрудете се да му ги разјасните некои нешта.

Риби 
Проголтајте ја гордоста и продолжете понатаму, не вреди да губите време на нешта кои не можете да ги промените. На љубовен план ве очекува не така поволен период. Можни се несогласувања со партнерот, оние кои се сингл може да се заљубат во некој кој е емоционално недостапен.

Scroll to Top