Дневен хороскоп за 6 септември – јарците ќе добијат шанса да се покажат на работното место, овните ќе се чувствуваат среќно и полетно

Овен
Се чувствувате среќно и полетно, но не заборавајте – кој високо лета, ниско паѓа. Не претерувајте со полетување наеднаш, градете ги своите цели постепено и без брзање, инаку се ќе се сруши како кула од карти. Преговарајте со саканата личност за нештата кои сакате да ги поправите.

Бик 
Планирањето е половина успех, но на вашето работно место сите веќе добро знаат, време е и вие да го сфатите тоа. На љубовно поле сте во фаза кога се ви е идилично. Уживајте во тоа.

Близнаци 
Концентрацијата на работното место не е на врвно ниво, потрудете се да го поправите фокусот и да се насочите на вистинските задачи. Емоционалниот статус може да биде подобар, но не е ни толку лош, немојте да се жалите.

Рак 
Идеата е едно,а спроведувањето на идеата е нешто сосема друго. Морате да пронајдете соработници кои ќе ви помогнат во тоа. Очекувајте средба која ќе ве расположи, нити во најлудите соништа нема да очекувате да ја видите оваа личност. И немојте да ја направите истата грешка од минатото.

Лав
Фантазијата денес ќе дојде до израз кај вас, немојте да се срамите и споделете ги вашите идеи со колегите. Размената на мислења секогаш доведува до добри резултати и решенија. Привлечни и сте на околината поради сјајот со кој зрачите. Искористете го тој сјај за некои нови познанства и пријателства.

Девица 
Меланхолични сте на работното место поради тоа што веќе долго не се случува ништо ново на деловен план. Вашиот партнер веќе долго време чека повторно да биде заведен, потрудете се да ја одиграте вашата улога онака како што треба.

Вага 
Загрижени сте поради големите деловни обврски, но наскоро ќе ве дочека награда за вашиот труд. Трудот ќе се исплати, запамете го тоа. Не сакате да се расправате со партнерот, разговарајте околу вашата иднина и некои промени кои ви се ите како потребни.

Стрелец 
Соработниците ве држат под притисок затоа што мислат дека се натпреварувате со нив. Искрен разговор може да ја промени оваа ситуација која не ви одговара. Љубовната врска е како компанија, морате да ја надоградувате и да се инвестирате себеси за да биде успешна, не го заборавајте тоа.

Стрелец 
Друштвениот статус е нешто што можеби вам не ви е важно, но напредокот во оптествената скала може да доведе до некои нови контакти. Искористете ги тие контакти за некоја нова деловна шанса. Не сте искрени спрема партнерот и тоа ве нагризува одвнатре. Бидете искрени и ќе бидете изненадени ако наидете на разбирање.

Јарец 
Денес ќе ви се укаже шанса да се покажете на работното место. Оваа шанса ја очекувате веќе долго време, немојте да ја прокоцкате. Убавите мигови во љубовната врска ќе ви донесат повеќе енергија за да го завршите овој ден на вистински начин.

Водолија
Односот со колегите е добар. не очекувајте некои промени на работното место во скоро време. Тоа не мора секогаш да биде нешто лошо. Разликите помеѓу вас и вашиот партнер се непремостливи, понекогаш е подобро приказната да се заврши пред да се впуштите во нешто кое не води никаде.

Риби 
Заминете некаде далеку на неколку часа и бидете потполно сами, тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за нови обврски. Доколку не сте во врска, не очекувајте сериозна љубовна врска во следниот период, за вас моментално е доволен само флерт и добар помин.

Scroll to Top