Дневен хороскоп за 7 јуни

Овен 

Можете да очекувате пресврт на настаните на новото работно место во позитивен правец или остварување на нови контакти на ова поле. Ви се допаѓа некоја личност со кого засега имате пријателски однос. Ако се обидете да направите некаков чекор, можете да имате и повеќе од тоа. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.

Бик

Ве очекува поволен период на работното место, во кој ќе имате можност да извршите многу важни работи кои се пред вас. Можете да очекувате дека ќе остварите некео ново познанство од кое ќе бидете задоволни. Пред вас е одличен период. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

Близнаци

Новите случувања на ова поле ќе ве издигнат на едно ново ниво. Ќе бидете задоволни од новиот успех. Нова личност ќе покаже дека има интерес за вас. Можете да очекувате раздвижување на полето на љубовта. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

Рак

Потребно ви е некое време за да донесете конечна одлука за иднината на вашата работа. Не сте задоволни од врската или бракот кој ги имате и сметате дека ви се потребни промени. Не се чувствувате доволно ценети. Внимавајте на здравјето. Можно е да имате проблеми со несоницата.

 

Лав

Можете да се надевате на позитивни раздвижувања на полето на работа и пари. Пред вас се позитивни околности. Ве очекува интересна комуникација со личност која сте ја запознале спонтано. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со циркулацијата на крвта.

Девица

Важно е да бидете отворени во комуникацијата со надредените. Покажете дека сте подготвени да остварите нешто повеќе од моменталната позиција. Ве очекува период во кој ќе ве надвладеат емотивни недоумици и компликации. Внимавајте на здравјето и чувајте се од настинки.

Вага

Можно е да размислувате за иднината на ова поле и да не се гледате себе си засекогаш во една иста професија. Емоциите ви се прилично нагласени, па можно е да изреагирате бурно на некој начин кон вашата сакана личност. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со штитната жлезда.

Шкорпија

Не сте доволно сконцентрирани и лесно правите грешки на ова поле. Обидете се да не претерате. Ако вашиот партнер на некој начин ве изневерил, големи се шансите да не му простите. Повредени ви се гордоста и суетата. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вртоглавица.

Стрелец

Имате многу амбиции во себе и подготвени сте максимално да се посветите на работата. Ви се допаѓа некоја личност која покажува дека сака да има нешто повеќе од пролазна врска или авантура. Внимавајте на здравјето. Прилично сте уморни и ви е потребен повеќе сон.

 

Јарец

Пред вас е поволен ден за работа. Можете да очекувате дека ќе ги остварите сите ваши планови и намери. Поранешната љубов ќе се обиде да ве врати во живот, а на вас ќе остане одлуката дали тоа ќе го дозволите или не. Внимавајте на здравјето и грчевите. Би ви годела масажа.

Водолија

Можни се помали недоразбирања со личност со која блиску соработувате. Обидете се сепак да најдете некој компромис. Ви се допаѓа некој кој делува оддалечено. Можно е нималку да ви биде лесно да добиете внимание од страна на таа личност. Внимавајте на здравјето и посетете стоматолог.

Риби

Можно е да не успеете да ги остварите сите планови кои сте ги посакале. Пред вас е неповолен период. Не сте задоволни од самотијата и потребни ви се љубовни промени. Пред вас е неповолен период за емоции. Внимавајте на здравјето и намателете ја конзумацијата на мрсната храна.

 

 

 

Scroll to Top