Дневен хороскоп за 7 мај

Овен 

Денот започнете го позитивно. Излезете од дома и отидете на кафе или прошетка. Целиот ден нека ви биде максимално искористен.

Бик

Љубовниот живот ви е на ниво, затоа е време да посветите повеќе време на другите обврски. Јавете му се на некој пријател од минатото што посакувате да го видите.

Близнаци

Ви препорачуваме малку одмор од шетање и лудување, а да се посветите на обврските што ве очекуваат и нема да се завршат сами. Наместо целото внимание да го посветувате на партнерот, посветете го на заостанатите обврски.

Рак

Ви препорачуваме неделата да ја започнете со некое кратко патување, на место каде што не сте биле. Здравјето е добро, но продолжете со тоа темпо на тренинзи што досега го имавте.

Лав

Наместо само да се уверувате дека има време за диета, започнете ја уште денес. Посветете го денот готвејќи си здрава храна за себе и своето семејство. Ноќта искористете ја за краток, но корисен тренинг.

Девица

По дневните обврски, наместо да си одите дома, прошетајте низ продавниците, можеби ќе најдете нешто корисно за вашиот дом. Легнете си вечер порано, потребен ви е сон.

Вага

Можна е мала настинка поради промените на времето. Заостанатите обврски не оставајте ги за понатаму, туку решете ги во најбрзо можно време.

Скорпија

Намалете со дволичноста, и почнете со искреноста, тоа многу повеќе се цени. Наместо да седнете на ручек, искористете го денот за спортски активности.

Стрелец

Можеби е потребно малку повеќе да намалите со вашата тврдоглавост и да се препуштите на емоциите и она што ви го кажува вашето срце. Искажете ги вашите чувства дури и по цена да ја изгубите гордоста.

Јарец

Можеби неделата ќе ви започне со премногу обврски на работното место, но потоа ви следува убав семеен ден. Внимавајте на болки во мускулите.

Водолија

Време е да направите пауза од трошоците и трошењето пари за непотребни работи. Јавете се на некој пријател и поминете го денот во пријатна домашна атмосфера.

Риби

Партнерот денеска негативно ќе влијае на вашето расположение и поради тоа е добро да размислите дали сте во правилна врска или време е да ставите крај.

Scroll to Top