Дневен хороскоп за 8 мај

Овен

Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.

Бик

Вашите емоции денеска оставете ги на страна. Не размислувајте за минатото и вашиот поранешен партнер. Фокусирајте се на иднината и сѐ ќе биде во ред, а можни се и неколку нови пресврти на љубовен план.

Близнаци

Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Вечерта поминете ја со своето семејство и со најблиските.

Рак

Можеби почетокот на денот нема да ви биде онака како што треба, но затоа вечерта ќе реши сѐ. Ве очекува возбудливо изненадување кое ви го подготвува вашиот партнер.

Лав

Конечно повторно ги наполнивте батериите, па денот нема да ви биде тежок и напнат, а обврските ќе ги извршувате со задоволство. Потрудете се да обрнете повеќе внимание на вашиот изглед, време е за диета.

Девица

Денот кој ви претстои може да ви биде од голема важност, бидејќи ќе треба да донесете некои важни одлуки. Размислете внимателно и направете го она што е најдобро за вас, а би било добро и доколку побарате совет од некој пријател.

Вага

Очекувајте поголемиот дел од денот да го поминете сами. Информациите кои ќе ги дознаете од некоја книга, емисија или списание, ќе ве заинтересираат да истражите повеќе за темата која ве интересира.

Скорпија

Вашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој едвај чека да ве види.

Стрелец

Можеби со недели го одолговлекувавте пролетното чистење на вашиот дом, но денеска би било добро навистина да почнете со тоа. Исто така, малку работа во вашата градина би ви дошла добро заради расположение.

Јарец

Неодлучноста може да ви одмогне во многу работи, па затоа не двоумете се многу. Правете ги оние работи кои на вас ви се допаѓаат и нема да погрешите. Одвојте малку време и за вашето милениче, кое почнавте да го запоставувате.

Водолија

Денес сте комплетно сконцентрирани и фокусирани на обврските кои се пред вас. Вашата интуиција одлично ќе ве служи овој ден, па искористете ја најдобро што можете.

Риби

Овој ден е поволен за контакти со соработници од странство. Многу прашања можете да решите доколку постапите пријателки. Не договарајте се однапред.

Scroll to Top