Доаѓаат пеколни температури во земјава

Од средината на оваа недела целата територија на Македонија ќе почне да потпаѓа под влијание на топол африкански бран, потопол од оној што беше минатата недела. Според метеоролозите, ова ќе биде најжешката недела ова лето. Температурата на воздухот ќе има голем пораст. На повеќе места таа ќе се искачи над 35 степени, а во централните и во југоисточните предели на земјата веќе од следниот викенд  се очекува температурите да се искачат и до 42-43 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, без врнежи, повремено со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9, па на граѓаните им се препорачува да не се изложуваат директно на сонце и да пијат што повеќе течности.

Scroll to Top