Дојде тоа утро и мораме да најдеме сила, светот сочувствува со нас и ќе ни помогне, се јави и украинската евровизиска победничка Руслана по нападот на Русија врз Украина

Украинската пејачка Руслана Лужичко, која победи на Евросонг во 2004 година со песната „Див танц“, се огласи утринава по нападот на Русија врз нејзината земја Украина. Таа е сигурна дека светот ќе се обедини за Украина и дека ќе застане во нејзина одбрана.

„Дојде тоа утро. Треба да собереме сила и да сватиме дека почна војна против Украина. Знам дека светот ќе се обедини за Украина. Низ годините работевме на тоа современиот свет да ја одбере Украина како земја која низ вековите патеше од рускиот режим. Светот сочувтвува со нас и ќе ни помогне. Сите ќе делуваат за да се спречи војната. Сега најважно е да се знаат јасните дејствија на територијалната локална одбрана“, рече Руслана која стекна огромна популарност по нејзината победа на Евровизија.

„Пријатели, пишете ми приватно или тука. Потребни ни се официјални информации. Тоа е драгоцено време затоа што постои врска. Кога беа опасните акции во време на Мајден, единствено што ни помогна за да се спасиме беше координираната акција, јасна поделба на одговорноста и што е најважно превземањето на информации од службените извори или очевидци. Најважно сега е внатрешниот мир без емоции и паника. Слава на Украина. Господине, слушнете ги и примете ги моите молитви за Украина, мир и спокојство“, рече пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Инаку Руслана по победата на Евросонг постојано се борела и со политичкиот активизам. Таа ги поддржа демократските процеси во Украина во периодот од 2004 и 2005 година и шарената револуција. Стана и нејзин заштитен симбол, а својата музика ја користеше и во целите во борбата против трговијата со луѓе. Беше дел и од украинскиот парламент во периодот од 2006 до 2007 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Scroll to Top