Добринка Наунова-Јовановска, примариус доктор инфектолог, и Габриела Темелковска, главна сестра на Инфективна клиника, се првите здравствени работници што денеска ја примија вакцината против Ковид 19.
„Безболно е и се чувствувам одлично. Го препорачувам на сите за да стекнеме имунизација во целата држава“, изјави Јовановска.
Темелковска, која ја прими вакцината на „Фајзер“, верува дека по денешниот ден, ќе се намалува бројот на заразени.
„Чувствувам олеснување. Вакцините се безбедни. Верувам по ова дека, конечно, ќе почне да се намалува бројот на заразените“, изјави Темелковска.