И долната облека има рок на траење

Жените не сакаат да ги фрлат омилените гаќички или градници, дури и кога ќе се потскинат. Но, старата долна облека мора да се фрли оти има рок на траење. Овој рок често истекува пред да се појават какви било видливи знаци на старост.

„Дејли мејл“ пишува дека градниците морате да се менуваат на шест до осум месеци, а гаќичките треба да се фрлат по една година или порано ако станат неудобни.

Според експертите, новите градниците не треба да се закопчуваат на последното копче, туку на првото. А кога ткаенината малку ќе се развлече, да се премине на следното. Ова особено се однесува на жените со поголеми гради.

Scroll to Top