Доналд Трамп ги прекрши шемите за претседател на САД, во речиси секоја важна категорија, а и е првиот американски претседател без домашен миленик.
Тој е најстариот воздухопловен заповедник, најбогатиот претседател и прв без никакво воени искуство, или искуство во работата во владата.
Така, тој е и еден од само двајцата претседатели од 1888 година, кои ги добиле изборите не добивајќи го мнозинскиот број на гласови на национално ниво. Ништо помалку важно е единствено тоа што тој е првиот претседател без домашен миленик во речиси 150 годишната традиција, пишува „The Economis“.
Последниот претседател без миленик бил Ендрју Џонсон, кој од положбата си замина во 1869 година и е најпознат по тоа што беше еден од само двата претседатела против кои беше покрената постапка за смена, односно „импичмент“. Вториот Бил Клинтон, имаше куче и мачка.
По претседателскиот музеј на домашни миленици, Белата куќа беше дом за повеќе од 300 животни, од десетина кучиња, коњи и птици до понекоја мечка, тигар и алигатор. Тука е и пар опосум, козата и јарецот на Линколн, нилскиот коњ на Били, Џеферсеновите два млади гризли и други.
Теодор Рузвелт имал убедливо најголема менажерија. За време на својот мандат, тој се грижел за 50 животни, вклучувајќи ги и јазовците, хиената Бил едноногиот петел и бувот.
Иако животните ги сакаат Американците од сите политички бои, нивната популарност, во Белата куќа сепак не е еднаква кај двете партии. Претседателите на демократите, во просек имале по шест животни, а републиканците по девет.
Трамп, соочен со критиките поради хаотичното управување и матните врски меѓу луѓето и неговата кампања и Русија, добро би му дошло животинско друштво, приметува „The Economist“. Барем не би ги одавале тајните на медиумите, освен папагалот, заклучува весникот.
Харви Труман, претседателот на САД од 1945 до 1953 година, често му се припишува изјавата „ако сакаш пријател во Вашингтон, набави си куче“, потсетува весникот.