Дотерани и на плажа!

Дојде сезоната на годишни одмори. Без разлика дали ќе одите на море или езеро,  потребно е да бидете спремни со атрактивни костими за капење или аксесоари за на плажа.

Точки

На патот до плажа идеално ќе ви прилега некој розов фустан со впечатлив дезен, како што се точките, кои се модерни ова лето.

Тиркизно

Дводелен костим за капење во кој ќе изгледате прекрасно и ќе ја истакне вашата морска боја. Секако, покрај костимот за капење, задолжителни се и очилата за сонце. Тиркизната боја е хит оваа сезона.

Едноделен костим за капење

Доколку сакате да го прикриете стомакот, тогаш едноделниот костим за капење е вистинскиот избор за вас.

Анимал-принт

Анимал-принтот е доста користен како дезен во 2013 година. Розовата мала чанта ќе го надополни вашиот изглед, но и ќе знаете во секој момент каде ви се наоѓаат неопходните работи за претстојниот топол летен ден.

Идеално за одмор во кафуле

Доколку сакате да се заштитите од сонцето и да одморите во некое кафуле во близина на плажата, тогаш изберете фустан со интересен шарен дезен. Ви препорачуваме долг фустан, кој ќе ја истакне вашата половина.

Пруги

Пругит се полн погодок оваа сезона. Затоа ви препорачуваме да си понесете во куферот неколку  парчиња облека со пруги, кои ќе ја освежат секоја летна дневна комбинација.

Scroll to Top