Дресот на бејзбол легендата Бејб Рут продаден за 5,6 милиони долари

Дресот на легендарниот бејзбол играч Бејб Рут е продаден на аукција за 5,64 милиони долари. Аукцијата се одржа вчера во Њујорк. Со тоа овој дрес стана најскапиот продаден спортски сувенир досега. Претходниот рекорд исто така го држеше еден од дресовите на Рут, кој е продаден во 2012 година за 4,4 милиони долари.

Рут дресот го носел во меѓу 1928 и 1930 година. Семејството и приватни колекционери дале околу 400 предмети сопственост на Рут за аукција на стадионот Јенки.

„Предметите и значењето на Бејб Рут за бејзболот и американската популарна култура се непроценливи во историјата на оваа земја“, изјавил претседателот на аукциската куќа Ханг, Дејвид Хант.

Scroll to Top