Дрвени куќички на дрво во италијанска шума е ново место за одмор

Миланското студио „Питер Пихлер Архитектура“ разви концепт за одржливи дрвени куќи на дрвја во шумата на италијанските Доломити.

Дрвените куќи се додаток на постоечки хотел и треба да создадат ново искуство за живеење во шумата со максимална врска со природата.

 

Геометријата со остар стрмен покрив е инспирирана од околните ели и други дрвја и е направена од локално дрво. Големината на куќичките се движи од 35-45 м2 на 2 нивоа.

Проектот е замислен како „забавена“ – форма на туризам каде природата и интеграцијата на архитектурата во неа играат примарна улога.

 

Пониското ниво е мала читална / дневна област, а горното ниво е за спиење со мала бања. Двете нивоа се поврзани со мали внатрешни скали.

„Ние веруваме дека иднината на туризмот се заснова на односот на човекот со природата. Добро интегрирана, одржлива архитектура може да го засили овој однос, ништо друго не е потребно“, велат од компанијата

Scroll to Top