Компанијата „Лего“ влезе во Гинисовата книга на рекорди со фигурата расцветано дрво со цреши изработено во природна големина. Ова дрво е склопено и поставено во Леголенд во Нагоја, бидејќи цветот од цреша е симбол на новиот живот на Истокот.
За изработка на дрвото „Лего“ искористил 881.470 коцки, а за склопување на дрвото биле потребни повеќе од 6.500 часа. Ова дрво е високо околу 4 метри, направено е од зелена основа, големи гранки, крошни со цветови, а украсено е и со лампиони што го осветлуваат ноќе.