Два дена џез крај Вардар – Скопје од вечерва има нов фестивал

Скопје добива нов џез-фестивал со наслов „Крај Вардарот џез“. Станува збор за дводневен фестивал посветен на домашната џез-сцена, чие прво издание почнува вечерва. Ќе се одржува на отворено, во паркот зад Младинскиот културен центар. Денеска ќе настапат Филип Букршлиев, „Сетстет“, „Зулу 3.4“ и „Кантон6квартет“ почнувајќи од 19.45 часот, а утре од 20 часот настап ќе имаат Јордан Костов, триото „Кобалт код јунит“ и „Светлост: Одрон ритуал оркестар“. Фестивалот е производ на дискографската куќа „ПМГ џез“. Влезницата чини 100 денари, носењето маска е задолжително, а столчињата ќе бидат поставени на растојание од два метра. Бројот на посетители е ограничен на 300.

Scroll to Top