Американскиот претседател Доналд Трамп подели сендвичи, а потпретседателот Мајк Пенс банани во кампот во кој се сместени граѓаните на Флорида, која во целост беше уништена од ураганот Ирма. Една сцена особено се издвои како интересна, а тоа е моментот кога еден човек доби „двојна помош“ по големата катастрофа, а причината беше неговата маица.
Мажот се доближи до Трамп, а американскиот претседател му рече да се сврти за медиумите да го фотографираат затоа што носи маица со неговиот лик.
„Земи уште еден! Носиш добра маица! Земи два“, му рече Трамп на својот обожавател.
Овој потег некои корисници на социјалните мрежи потсети на слична ситуација во Србија, во општината Јагодина, и снимката со „2000 за госпоѓата“ на Драган Марковиќ Палма.
Инаку, во оваа акција во кампот Нејплс естејтс на Флорида (Naples estates) се приклучи и првата дама на САД, Меланија Трамп. Тројцата делеа храна и позираа на фотографиите, заедно со луѓето кои се поздравуваа со нив.
Повеќето им се заблагодарија, а еден човек извикна: „Направете ја Америка повторно голема“, додека друг изјави дека Трамп „добро се оженил“.
Трамп вети дека ќе биде со граѓаните „100%“.
Светските медиуми пренесоа дека Трамп ја обиколува Флорида, која е уништена во бурата и каде многу од граѓаните останаа без струја, а нивните домови беа потопени.
Речиси 2.7 милиони домови и фирми и секој четврт жител на Флорида и понатаму останаа без струја.