Две девојки замрзнаа на Алпите на над 4.000 метри надморска височина. Несреќата се случила во близина на границата меѓу Италија и Швајцарија, соопштија денеска спасувачите од регионот Аоста, во северозападна Италија.
Мажот, кој бил со повредените девојки, бил пренесен во Швајцарија, со хипотермија и смрзнатини. Тројцата се качувале на планинскиот масив Монте Роса на Пенинските Алпи, чиј највисок врв е Дуфурспице, на повеќе од 4.630 метри надморска височина.
Спасувачките служби објавија дека жените се воделе како исчезнати. Пронајдени биле на италијанската страна на Винсентската Пирамида и однесени во една колиба. Но, екстремните временски услови и силниот ветер ја отежнувал операцијата за нивно спасување.
Хеликоптерот можел да слета само во текот на ноќта. Тие безуспешно се обиделе да ги оживеат двете жени.