Јавните куќи во Швајцарија сакаат да продолжат со работа по карантинот што беше воведен заради пандемијата на коронавирусот. Тие веќе подготвија протокол кој треба да ја гарантира безбедноста на сексуалните работнички и на клиентите – секс со маски, две пози, дезинфекција…
Асоцијацијата на сексуалните работници „ПроКоРе“ објави хигиенски водич со надеж дека швајцарската влада ќе ги уважи нивните барања за враќање на работа на 8 јуни. Иако со сексот не се одржува физичка дистанца, од асоцијацијата предложија секс пози кои максимално одалечуваат две личности. Како што предлагаат, тоа би биле само „кучешка“ поза и „превртена каубојка“. Тие предлагаат сесијата да трае најмногу 15 минути, собите да се проветруваат меѓу две сесии, а постелнината да се менува и да се пере со дезинфекциско средство. Поради безбедноста, клиентите ќе мораат да ги остават своите податоци и тие ќе се чуваат четири недели. Ако некоја од проститутките се зарази, тие би знаеле со кого имала контакт.
Со правилникот се забранува секаков начин на допирање на лицето, а се препорачува и носење маски.