Две злата за Македонците на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Марио Мицковски и Стефан Трпковски од Специјалната олимпијада Македонија освоија златни медали на Летните олимписки игри што се одржуваат во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Тие медалите ги освоија во дисциплината пливање на 50 метри слободен стил.

Веста за успехот на момчињата ја објави Специјална олимпијада Македонија. Тие споделија слики од Марио и Стефан со медалите. Ова се првите медали на учесниците од македонскиот тим кој на Специјалната олимпијада има 26 члена.

Специјалните летни олимписки игри Абу Даби 2019 се одржуваат од 14 до 21 март. На Олимпијадата има пријавени над 7.000 учесници од 190 земји, а ќе се натпреваруваат во 24 спортови.

Scroll to Top