Егејските острови ќе станат првите целосно вакцинирани места во Грција

Островите што се наоѓаат низ Егејското Море ќе бидат првите области во Грција целосно запштитени од Ковид-19, бидејќи земјата го засилува вакцинирањето во туристичките дестинации пред отворањето на летната сезона.

Властите велат дека луѓето што живеат на 69 егејски острови ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на април.

„Имаме голем број мали острови, каде што одеднаш ќе го имунизираме целото население, па кога ќе почнат да пристигнуваат туристи, сите жители ќе бидат вакцинирани со две дози“, изјави Мариос Темистоклеус, претставник на Министерството за здравство, кој ја надгледува оваа програма.

Според програмата наречена „Слобода“, илјадници вакцини ќе бидат испорачани до овие острови со помош на војската во наредните недели. Темистоклеус додаде и дека операцијата е сложена, па во неа ќе учествуваат и авиони, хеликоптери и бродови.

Scroll to Top