Египетските археолози пронајдоа досега неистражена гробница во древниот град Луксор. Откриле скулптури на древни маски и живописни слики на ѕидовите, па дури и мумија за која веруваата дека е стара повеќе од три милениуми.
Археолозите сметаат дека станува збор за мумија од значајна личност на тогашното египетско Ново кралство, пренесува Би-Би-Си.
Оваа гробница се наоѓа на некрополето Дра Абуд Нага, прочуено по храмовите, а каде се погребани голем број на египетски фараони.
Египетското Министерство за антиквитети, изјавија дека тие две гробници ги открил германски археолог во 1990 година, но дека од неодамна биле запечатени.
Идентитетот на пронајденото мунифицирано тело не е познати, но Министерството наведе дека постојат две можности. Или станува збор за личноста по имет Џехути Мес, чие име е вгравирано на еден од ѕидовите на гробницата, или пак станува збор за Маати, чие име, заедно со името на неговата сопруга Меги е напишано покрај мумијата.
Инаку во септември во археолози откри гробница на кралскиот златар во близина на Луксор.
Таа гробница, која исто датира од времето на Новото кралство, ја содржала статуата златара Аменамхат, во седечка положба, која се наоѓала покрај статуата на неговата сопруга.