Фестивалот „Егзит“ се приклучува кон крипто-револуцијата и најави дека ќе овозможи продажба на билети преку биткоини, со што станува првиот голем фестивал во светот кој го поддржува познатиот дигитален систем за плаќање.
Фестивалот го промовира новиот начин на наплата на 20-годишнината од своето постоење, оваа година. Процесот на плаќање со биткоин е едноставен велат одтаму.
Кога клиентите ќе ги изберат ставките кои што сакаат да ги купат во веб-продавницата, тие ќе ја видат понудената опција „Плати со биткоин“, исто како што постои и опцијата „Плати со картичка“. Потоа, преку нивната апликација за биткоин тие добиваат QR-код за скенирање, а откако ќе се изврши плаќањето и се потврди, клиентот ги добива купените артикли.
„Егзит“ ќе биде првиот голем меѓународен фестивал во 2021 година, што се одржува од 8. до 11. јули на тврдината Петроварадин во Нови Сад. На големата прослава на 20-годишнината од фестивалот EXIT ќе учествуваат познати уметници во регионот и светот .
„Потенцијалот на блокчејн, дигитална размена и валута е возбудлив и сакавме да се осигураме дека сме фестивалски лидери во овој сектор, дека користиме нови технологии и дека сме во состојба да бидеме во тек со нашата публика технолошки писмена публика и развој на технологијата”, вели директорот и основач на фестивалот Егзит, Душан Ковачевиќ.