Во супермаркет во Велс неодамна е најден примерок на егзотичен минијатурен вид жаба за кој се смета дека стигнал во Велика Британија од Јужна Америка.
Како што пренесува Би-би-си, жабата се наоѓала во товарот со банани увезени од Колумбија, па се верува дека потекнува од таа земја.
Благодарение на острото око, жабата со големина на човечки палец, во супермаркетот на крајот на минатиот месец ја забележал еден член од персоналот по што веднаш била повикана организацијата за заштита на животните.
Денес за неа се грижи една зоолошка градина специјализирана за морскиот свет, чии експерти сметаат дека станува збор за примерок од вид што живее на стеблата на бананите.
На патот од Колумбија до супермаркетот жабата поминала повеќе од 8.000 километри, а се верува дека без храна и вода и во значително долгорочни климатски услови успеала да преживее благодарение на способноста да го забави метаболизмот.