Елвис Присли оставил две проштални пораки пред да се самоубие

Присила Присли, вдовицата на кралот на рокенролот, Елвис Присли, открила дека нејзиниот сопруг оставил две писма пред да се самоубие. Според неа, тоа е доволен доказ дека тој се убил, а не како што тврдеа многумина, дека по грешка измешал многу лекови, дрога и алкохол и така починал. Во документарниот филм на „Ејч-би-о“, „Елвис Присли: Човекот што сакаше да знае“, таа вели дека не е вистина дека никој не сакал да му помогне на нејзиниот поранешен сопруг, но дека не постоел човек што можел да му каже на Елвис што треба да направи.

„И јас и многумина што го сакааа се обидовме да го тргнеме од дрогата, но не успеавме. Не можевме да му кажеме што да прави. Многу брзо нè исфрлаше од неговиот живот. Не постоеше начин да се допре до него“, рекла Присила.

Таа за Елвис се омажила во 1967 година, ја родила ќерката Лиза Мари, а се развеле шест години подоцна.

„За мене, прошталните пораки се чист доказ дека сакал да се убие“, додала таа. Но, Присила не сакала да открие кому му ги напишал Елвис пораките и што пишува во нив. „Тоа се лични пораки кои не сакам да ги споделам со јавноста“.

Присила вели и дека Елвис станал зависен од дрога и лекови кога заминал во војска и со години ја обвинува американската влада за неговата судбина.

„На војниците им давале лекови за да ги одржат будни. Морал во текот на ноќта да ги извршува своите должности ѝ тоа така почна“, рекла Присила.

По смртта Елвис Присли, на 16 август 1977 година, во јавноста се појавиле информации дека само еден од лекарите за 8 месеци му препишал повеќе од 10.000 таблети.

Scroll to Top