Ема Коронел Аиспуро пред големото судење на нејзиниот сопруг Ел Чапо во Њујорк изјавила дека кога го запознала не знаела дека станува збор за најголемиот наркобос во светот.
Ема Коронел Аиспуро во Мексико е позната по две работи. Како поранешна локална мисица и како сопруга на Ел Чапо.
View this post on Instagram
Таа е четвртата сопруга на најголемиот наркобос и успева делумно да го украде вниманието на јавноста, додека сите со нетрпение го очекуваат неговото судење во Њујорк. Ел Чапо, кој досега се има женето четири пати и има најмалку 19 деца со 6 различни жени, се оженил со Ема кога таа имала само 18 години.
Тој се запознал со Ема на натпревар по убавина. По нејзината победа, поради нејзиниот изглед ја споредувале со американската старлета Ким Кардашијан.
Наркобосот се оженил со Ема во декември 2007 година. Таа била ќерка на еден од челните луѓе на картелот Синалоа. Со неа Ел Чапо добил две ќерки, а откако бил уапсен, на Ема не ѝ било дозволено да го посетува во затвор.
Кога се венчале, Ема вели дека не знаела дека нејзиниот сопруг бил еден од најбараните наркобосови во Америка. Неа ја чувала вооружена војска составена од блиски луѓе на Ел Чапо.
View this post on Instagram
Desde hace un par de años, la mayor de mis gratitudes es para las personas que me hacen reír.😍☺️
Во 2012 година ги добиле близнаците кои Ема ги родила во Лос Анџелес. Името на нивниот татко не е напишано во крштеницата, затоа што неговата глава била уценета на пет милиони долари.
Ел Чапо доста време минал во бегство, а го следеле жени кои му биле верни и работеле како готвачки а всушност биле проститутки. Ема своевремено изјавила дека била љубоморна на другите жени.
За потсетување, во 2015 година Ел Чапо бил приведен по интервјуто што му го дал на актерот Шон Пен.
Покрај Ема Ел Чапо имал ште три жени. Во 1977 година за првпат се оженил со Алехандрина Марија Салазар Хернандез. Со неа Ел Чапо добил три деца.
На свои 30 години Ел Чапо киднапирал девојка по име Естела, со која на почетокот имал сексуални односи, а подоцна двајцата се венчале. Веќе на средината на осумдесеттите години од минатиот век Ел Чапо стапил во трет брак, со Гриселда Лопез, со која има четири деца.