Емоциите на коментаторот Тони завршија на насловна страница во Хрватска

Веднаш по завршувањето на натпреварот Македонија – Грузија и по историската победа на нашите фудбалери, коментаторот на националната телевизија МТВ совладан од емоциите одржа говор за кој уште се прераскажува.

Говорот уште од вчеравечер е најсподелуваното видео на социјалните мрежи. Исто така, многумиина и од јавните личности го цитираат Тони изразувајќи честитки за победата.

Стојановски се најде на насловната страница во спортската рубрика на еден од најголемите хрватски портали „24 сата“, кој пишува за говорот за кој зборува целиот Балкан.

(Видео) „Ќе стојат мирно на химната оние кои ни менуваат име, јазик и тие што ги описменивме“ – коментаторите на МТВ откачија по победата на Македонија

 

 

 

 

Scroll to Top