Енди Џеси ќе го смени Џеф Безос на директорското место во „Амазон“

Енди Џеси ќе биде новиот извршен директор на компанијата „Амазон“, функција што досега ја извршуваше сопственикот и најбогат човек на светот, Џеф Безос. Безос во средата најави дека ќе се повлече од оваа функција и дека ќе се фокусира на други приоритети.

Џеси е близок и доверлив човек на Безос, кој се приклучил на „Амазон“ во 1997 година и работел како негов технички асистент. Тој учествувал во контроверзната одлука за повлекување на платформата „Парлел“ од веб сервисите на „Амазон“.

Ваквата одлука била донесена по немирите во Капитол, потег за кој подоцна добил голем број пофалби, но истовремено и тужба од десничарската мрежа, која особено е популарна меѓу теоретичарите на заговори.

Од „Амазон“ истакнаа дека компанијата не била во состојба ефикасно да ги држи повиците за насилство од својата платформа. Од „Парлел“, пак, го тужеле „Амазон“ обидувајќи се да ја вратат акцијата и да се вратат на интернет.

Безос најави дека во наредниот период ќе се работи на својот фонд „Ден 1“, кој им дава милиони долари на организациите што се борат против бездомништвото и финансирање и изградба на предучилишни установи.

Ваквите установи се градат за семејства со ниски примања. Безос исто така ќе се фокусира и на неговиот Земјин фонд, кој финансира иницијативи за климатски промени.

Безос исто така сака да посвети време на својата комерцијална вселенска компанија Blue Origin и на „Вашингтон пост“, кои ги поседува од 2013 година.

Аналитичар во „Ведбуш секјурити“ за Џеси изјавил дека е еден од најмоќните лидери не само во технологијата на облак и во технолошкиот сектор туку и во светот на бизнисот.

.

Scroll to Top