Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има во план до крајот на 2030 година да испрати ракета на Месечината. Тој сака Турција да стане вселенска сила. Како што пишуваат медиумите, Турција има намера да испрати ровер на ракетен мотор од домашно производство.
Првпат ќе го тестираат во 2021 година, на пробен лет до Месечината. Претседателот на Турската вселенска агенција (ТУА) Сердар Хусејин Јилдирим, на Глобалната конференција за истражување на вселената GLEX во Санкт Петерсбург, говореше за плановите на нивната вселенска програма.
Роверот ќе биде лансиран во 2028 или 2029 година, а ќе има за цел да прави истражувања на површината на Месечината, пишува Space.com.
„Имаме намера да дојдеме до Месечината со свој мотор. Во првата фаза со меѓународна помош, ќе го донесеме леталото во ниската орбита на Земјата“, изјавил Јилдирим.
Турција во наредните години планира да испрати 30 астронаути на Меѓународната вселенска станица поради научни експерименти. Во случај работите да се одвиваат според планот, Турција ќе им се приклучи на земјите од ексклузивниот клуб кои успеале да испратат ракета на Месечината.
Турција ја основаше својата вселенска агенција во 2018 година.