Советот на Европска унија донесе измени на законот за визи, со кои се подобруваат условите за легални патувања и на тој начин се засилува борбата против незаконски миграции. Министрите за правда и внатрешни работи на Европската унија на состанокот во Луксембург ги потврдиле новите правила.
Со новите измени, на патниците од земјите за кои важи визниот режим, ќе им се овозможи побрзи и појасни процедури. Измените подразбираат поднесување на барањата за виза во период од 15 дена до шест месеци.
Барателите можат да ги пополнат образците и пријавите по електронски пат и постепено да го продолжат периодот за важење на визата. Со новата уредба се зголемува и таксата за обработка на податоци, која сега ќе изнесува 80 евра, а нејзината висина ќе се ревидира на секоја трета година.
Во Советот на Европската унија е наведено дека ќе се донесе уредба за подобрување на соработката со трети земји во поглед на реадмисија на нелегалните мигранти и тоа низ нов механизам. Комисијата во рамки на тие механизми редовно ќе ја проценува соработката со третите земји во поглед на повтореното прифаќање.
Во случај земјата ако не соработува, Комисијата на Советот ќе предложи да се донеса одлука за применета мерка на ограничување во поглед на процедурата на обработените барања, но и во поглед на износот на таксите за виза.
Од друга страна, ако земјата соработува во поглед на повторното прифаќање, Комисијата ќе може да предложи Советот да донесе одлука со која, или ќе се намалат визните такси и ќе се скрати времето потребно за одлучување на барањата за виза или ќе се зголеми периодот на траење на визата за повеќе влегувања.
Од регионот на Западен Балкан, визен режем едноставно е побаран за граѓаните кои од ЕУ пристигнуваат со пасошите од Косово. Советот на ЕУ задолжен за правда и внатрешно делување, донел уредба со која ќе се регулира минимален стандард во поглед на информациите и безбедносните одбележја, кои би требало да се наоѓаат на личните карти на граѓаните на Европската унија и патните исправи издадени на граѓаните на ЕУ и членовите на нивните семејства кои се државјани на трети земји.