Евровизија го откачи Косово

Косово ни догодина нема да учествува на Евросонг, оти не стана рамноправна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Европската агенција за регулаторни тела денеска со мнозинство гласови одби Косово да биде примено во ЕБУ, а со тоа да се овозможи да учествува на Евровизија.

Членовите на ЕБУ ги прифатиле аргументите на српската национална телевизија РТС дека се работи за политички потег и преседан и дека радиодифузната унија мора да остане професионална, а не политичка организација.

Миливој Михајловиќ, помошник директорот на РТС изјави дека процесот за прием на Косово траел една година, а бил инициран од јавните сервиси на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Словенија. Унгарија пред денешното гласање го повлекла својот потпис од барањето.

Scroll to Top