Пејачот на групата од Италија, која победи на Евровизија оваа година, беше негативен на тестот на дрога, на кој беше подложен по сопствено барање по обвинувањата дека на снимката од прославата се гледа како со главата се навалува на масата.
Извршена е детална анализа на фактите, прегледани се сите достапни снимки, а пејачот на групата Манескин доброволно беше подложен на тест и резултатите беа негативни, се вели во соопштението на Европската унија на радиодифузери (ЕБУ).
„Никој не се дрогираше и овој случај е затворен за нас“, додаваат од ЕБУ.
Пејачот на Манескин, Дамиано Давид претходно изјави дека не земал кокаин.
„Јас не се дрогирам. Ве молам, луѓе. Не сте сериозни, немаше кокаин“, рече тој на прес-конференцијата.