Македонските групи „Фанк шуи“, „Плуто‘с даут“ и „Ју“ во конкуренција од 285 изведувачи од Централна и Југоисточна Европа, влегоа во потесниот избор за музичката награда „Хеми“.
Од 27-те кандидати, девет ќе влезат во втората фаза, од каде што ќе се избираат трите добитници на наградата „Хеми“, што ја доделува истоимениот центар за музички иновации.
„Хеми“ е нова програма која има за цел да поддржи талентирани изведувачи од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија кои се подготвени да ја пласираат својата музика на европско ниво.