Оваа година испробајте малку поинаков начин на боење на јајцата.
Се ближи Велигден, а уште не сте осмислиле како да ги обоите јајцата или би сакале да пробате нешто ново, тогаш боењето јајца со креп хартија ќе ве воодушеви.
Едноставно е, не бара многу време, но не и многу пари.
Потребно ви е:
- Креп хартија во боите кои ги сакате
- Алкохолен оцет
- Бели или обични јајца, сварени
- Пластично шише
- Заштитни ракавици.
Подготовка:
Најпрво сварете ги јајцата, а во меѓувреме додека се ладат, земете пластично шише и исечете го горниот дел на шишето. Во ова шише потоа ќе ги редите обоените јајца.
Креп хартијата исечете ја на делови, не треба да бидат многу ситни, туку доволно големи во нив да ги свиткате јајцата. Пред да дојдете до делот со фарбање на јајцата, задолжително ставете си заштитни ракавици затоа што бојава во спротивно тешко ќе ви се извади од рацете.
Во сад со средна величина сипете оцет, а во неа ставете креп хартија во посакуваната боја. Извадете ја хартијата од оцетот, ставете ја на дланката, а потоа во него замотајте ги јајцата и наредете ги во пластичното шише кое претходно го подготвивте.
Постапката повторете ја со останатите јајца и креп хартијата, а потоа и тие наредете ги во шишето. Оставете ги да отстојат половина час, а за тоа време бојата ќе се слева и меша, така што јајцата нема да бидат рамномерно обоени со една боја, туку шарени.
Полека вадете ги јајцата и пребришете ги со крепа на која претходно сте ѝ сипале малку масло, како украсните јајца би светнале во полн сјај.
Како изгледа целата постапка, погледнете во видеото: