„Фејсбук“ избриша објава на Трамп со дезинформации за Ковид-19

Административците во најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ избришаа објава на Доналд Трамп затоа што ги прекршил правилата против ширење дезинформации за короанвирусот.

Американскиот претседател во објавата споделил и линк до видео на „Фокс њуз“, во кое тој вели дека децата се „практично имуни“ на вирусот.

„Фејсбук“ вчера соопшти дека видеото вклучува лажни тврдења оти група луѓе се имуни на Ковид-19, што претставува кршење на нашите правила за штетни дезинформации за овој вирус“.

Неколку часа подоцна, „Твитер“ привремено го блокира Трамп од твитање од неговиот профил сè додека не ја отстрани објавата со истото видео. Профилот на Трамп го ретвитна видеото. Компанијата во изјавата доцна синоќа соопшти дека твитот ги прекршил нејзините правила против дезинформации за Ковид-19. Кога некој твит ги крши тие правила, „Твитер“ бара од корисниците да го отстранат твитот и им забранува да објавуваат нешто друго сè додека не го избришат.

Scroll to Top