Филмот Red notice го собори рекордот во гледаност на „Нетфликс“ уште првиот ден

Најновиот филм на платформата „Нетфликс“, „Црвено известување“ (англ. Red notice) со Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот го собори рекордот на гледаност на првиот ден од објавувањето. Тој дебитира на платформата на 12 ноември.

Рејнолдс прв сподели на „Твитер“ дека филмот го соборил рекордот за најгледан филм на првиот ден од прикажувањето на „Нетфликс“.

По ова, следуваа честитките од Двејн Џонсон и Гал Гадот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)

Во филмот се следи приказната за ФБИ-агент (Џонсон), кој соработува со крадец (Рејнолдс) со цел да пронајдат озлогласен криминалец (Гадот).

Со буџет од 200 милиони долари се смета дека овој филм е најскап проект на „Нетфликс“ досега.

Една недела пред објавувањето на „Нетфликс“, филмот беше прикажан во одбрани кина.

Scroll to Top