Филмот „Улиште“ во косовско-македонска копродукција е победник на „Санденс“

Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, кој е копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија, освои три награди на фестивалот „Санденс“, најголемиот фестивал за независен авторски филм во САД.

„Улиште“ ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката.

„Улиште“ е во малцинска копродукција на македонскиот продуцент „Црна мачка продукција“. Со тоа четврта година по ред на овој фестивал е присутен проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

На „Санденс“ во изминатите години беа прикажани филмовите: во 2018 „Види ја ти неа“ на Горан Столевски (наградата за најдобар интернационален игран филм во категоријата кратки филмови), 2019 „Медена земја“ (големата награда на жирито, најдобар документарен филм и награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница“ на Георги Унковски, каде што ја имаше својата светска премиера.

 

Scroll to Top