Филмови со изненадувачки ниски оцени

Без разлика на тоа кој жанр на филмови најмногу сакате да гледате, веројатно барем делумно се водите според коментарите на останатите гледачи и оцени на критичарите кога бирате што следно да гледате.

Не се ретки случаите каде што тие не се сложуваат, како ни тоа дека повремено знаат да бидат преостри, но дефинитивно знаат да претераат во тоа. Како што ќе видите во примерите во продолжение, во прашање се остварувања кои воглавно се доста популарни меѓу публиката, а кои имаат исклучително ниска оценка на сајтот Rotten Tomatoes, познат по критики за филмови.

Rush Hour 2 (2001)

Останува фактот дека првиот дел е најдобар филм од оваа трилогија, но тоа не значи дека вториот дел заслужува само 52% колку што добил на овој сајт. Публиката му дала само 74%, што сепак покажува дека фановите се забавувале додека ги гледале новите авантури на Ли и Картер. А и запрашајте се колку пати сте ја погледнале репризата на телевизија – тоа мора да значи нешто, нели?

The First Wives Club (1996)

Многу филмови се занимаваат со темата развод, но шармот кој овој филм го поседува е очигледен. Следиме три жени кои сакаат да им се одмаздат на своите поранешни мажи што ги земале здраво за готово и воедно да го надоместат времето кое не го поминале уживајќи во животот.

Одличните улоги на Голди Хон, Бет Мидлер и Дајана Китон носат брдо насмевки, а од критичарите добија само 50%.

Bad Boys (1995)

Мајкл Беј имал многу утки, но ова не е една од нив. Вил СМит и Мартин Лоренс имаат неверојатна хемија и впечатливо е присуството на екранот кој го подигнуваат филмот на едно ново ниво. Тука има секако и доста акција и бркотници, со доза на носталгија за 90-тите години на минатиот век. Критичарите им дадоа само 42%.

Equilibrium (2002)

Настана во сенка на сеприсутниот Матрикс, но донесе концепт кој многумина од тогаш се обидоа да го ископираат. Сместен е во футуристички свет во кој луѓето се натерани да ги потиснуваат емоциите со помош на пилула, сè додека не се појави шанса за рушење на актуелниот режим.

Со годините стана само порелевантен, а како оцена од критичарите доби само 41%.

Hocus Pocus (1993)

Филмот за кој многумина е омилена разонода за Ноќта на вештерките не ги воодушеви критичарите, од кои доби само 38%. Можеби не е во прашање комплициран заплет и куп длабоки разговори, сепак тука е незаменливиот шарм и севкупно привлечната атмосфера. За тоа се заслужни Сара Џесика Паркер, Бет Мидлер и Кети Наџими.

Home Alone 2: Lost in New York (1992)

Очигледно е дека овој сајт не сака продолженија, затоа што овој доби само 34%. Се сложуваме дека не е толку добар колку легендарниот прв дел, но и понатаму тука има куп забавни моменти. Кевин овој пат е сам во Њујорк, но повторно на сите начини се труди да ги надмудри бандитите Хари и Марв.

Hook (1991)

Постојат многу филмски верзии на приказната за Петар Пан, но оваа е сепак посебна од повеќе причини. Пред сè, затоа што овде го гледаме возрасниот Петар Пан кој и самиот има деца, а го толкува неповторливиот Робин Вилијамс.

Филмот е впечатлив визуелно и музички, а тука се и другите одлични улоги, меѓу кои треба да се истакне Дастин Хофман како капетан Кука. Но, тоа не е доволно за критичарите кои го оценија со само 29%.

Scroll to Top