Фондацијата Сорос ја тужи Унгарија пред Европскиот суд за човекови права

Од фондацијата Отворено општество, чиј основач е милијардерот Џорџ Сорос, соопштија денес дека е поднесена тужба до Европскиот суд за човекови права во угарскиот Уставен суд.

Тужбата се однесува на неодамнешните усвоени закони во Унгарија, кои се насочени против цивилните организации кои работат со бегалците и барателите на азил во оваа земја.

Директорот на правниот тим на оваа организација Џејмс Голдстон изјави дека правната акција има за цел да се спротивстави на законите чија цел е да ги заплаши и спречи независните гласови во Унгарија.

Законите наречени „спречете го Сорос“ се усвоени во јуни, а предвидуваат затвор и до една година за луѓето кои им помагаат на барателите на азил. Покрај тоа во унгарското собрание во јули беше одобрено и воведувањето на 25% од данокот за финансиска помош на групи кои ја промовираат миграцијата.

Како што се наведува во соопштението, Соросовата Фондација поддржува некои од цивилните групи кои унгарскиот премиер Виктор Орбан ги има означено како непреијател на државата. Орбан уште од претходно е познат по својата анти-мигрантска политика.

 

 

Scroll to Top