„Форбс“ ја објави листата на најплатени познати личности

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на десетте најбогати познати личности, а на првото место е ријалити ѕвездата и претприемач Кајли Џенер, чие богатство е 590 милиони долари. Изненадување е што на листата се најдоа дури пет спортисти.

На третото место е тенисерот Роџер Федерер, чиј приход се проценува на 106,3 милиони долари, четврти е фудбалерот на „Јувентус“, Кристијано Роналдо, по него е Лионел Меси од „Барселона“, седми е фудбалерот на „ПСЖ“, Нејмар, а на деветто место е кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс.

На „Форбс“ листа на 10 најбогати познати личности се наоѓаат и актери и музичари:

1. Кајли Џенер – 590 милиони долари

2. Канје Вест – 170 милиони долари

3. Роџер Федерер – 106,3 милиони долари

4. Кристијано Роналдо – 105 милиони долари

5. Лионел Меси – 104 милиони долари

6. Тајлер Пери – 97 милиони долари

7. Нејмар – 95,5 милиони долари

8. Хауард Стерн – 90 милиони долари

9. Леброн Џејмс – 88,2 милиони долари

10. Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари

Scroll to Top