(Фото) Астрономи успеале да го снимат срцето на Млечниот Пат

Астрономи преку радио телескопот MeerKat успеале да го снимат срцето на Млечниот пат. Тие велат дека станува збор за сложено срце, односно тоа претставува најсветлата точка на супермасовна црна дупка.

Тие велат дека со најновите слики можат да добијат најдобар увид во мистериозната популација на галактички влакна, што не успеале да ги откријат никаде на друго место.

Фотографијата која ја објавила Јужноафриканската радиоастрономска опсерваторија South African Radio Astronomy Obervatory – SARAO) била направена со составување на мозаик од 20 одвоени набљудувања, за кои биле потребни вкупно 200 часови работа на телескопот MeerKat.

Овој супер-чувствителен радио телескоп се состои од 64 антени распоредени во пречник од 8 километри во јужноафриканска пустина. Благодарение на него, човештвото може да ѕирне во центарот на нашата Галаксија, која и покрај тоа што е во релативна близина, тој е оддалечен околу 25.000 светлони години. Покриен е со прашина и гас низ кои тешко пробиваат радио-брановите.

На фотографијата доминираат емисиите кои протекуваат од галактичкиот центар, таканаречен супер меур, кои минуваат низ бројни паралелни магнети низ кои се емитуваат радио-брановите, кои астрономите ги нарекуваат галактички нишки или филаменти.

Научниците на една од нив и ја дадоа името „Глушец“, а на друга пак, поради нејзините карактеристики „Змија“. Супермасовната црна дупка „Стрелец А“ се гледа како најсветлата точка.

 

Scroll to Top