Агафи Лукова и нејзиното семејство никогаш не слушнале за Втората светска војна. Во 1936 година, побегнале во сибирската шума и таму живееле стотина километри од најблиското население, во снегот и на температури кои се спуштаат и до -40 степни целзиусови.
Сите, освен неа, таму умреле, а таа е единствената која го посетила градот. Има 71 година, и овој пат, за жал, морала во болница поради силните болки во ногата. Со себе понела свежа изворска вода во близина на нејзината колиба, затоа што минатиот пат од градската се разболела.
Првите 35 години од животот, не видела друго човечко суштество освен своите најблиски. До 1978 година, биле целосно непознати на никого во светот, се додека на нив случајно не налетале некои геолози, кои во извештајот напишале дека семејството говори на некој чуден јазик, искривен со годините на изолација. Нејзиниот дом на 150 метри од падината на планинскиот ланец Абака, во југозападен Сибир. Не е ни чудш што нема никого.
До „откритието“ живееле без метални предмети, керамички или глинени лонци, и прибор за јадење, а јадењето е тоа што по тој снег во шумата самата го уловила. Има и сосед без една нога, кој редовно го посетува и помага. Еднаш семејството било толку очајно што поради гладдта ги јаделе сопствените чевли.
Сега набавила модерни работи кои и помогнале во животот, како што е сол, нож и вилица, тава, а блиската заедница која се грижи да и биде поудобно и да има се што треба за еден нормален живот, и доставиле зелка, брашно, грозје, и нејзиното омилено овошје, портокали. Кога Аман Тулејев, гувернерот на таа област слушнал за нејзе, наредил да тие намирници и се доставуваат без никаков застој.
Владимир Макута, главниот и одговорен во областа Таштаголски, вели: „Важно ни е да знаеме дали е здрава и сита, и дали ќе ја доживее идната зима.“
Браво, бабата е борец без сомнение, нема што!