(Фото) Ѝ бил забранет влез во зоолошката затоа што се заљубила во едно од шимпанзата

На Ади Тимерманс од Белгија ѝ бил забранет влез во зоолошката градина затоа што се заљубила во едно од шимпанзата. Ади никако не можела да го најде својот маж од сништата, па решила да си ја побара љубовта во зоолошката градина. Таа објаснила дека не барала маж, туку љубов.

Ади вели дека се заљубила во шимпанзото Чита. Тој има 38 години и поголем дел од животот го поминал во зоолошката. Но, затоа што претходно бил домашен миленик, тешко се социјализирал со другите шимпанза. Ади вели дека за неа тоа било љубов на прв поглед.

Таа одела секое попладне во зоолошката само за да се види со Чита. Секој ден го бацувала преку заштитното стакло и си се поздравувале еден со друг. Ади вели дека била пресреќна како да е на седмото небо. Но, едно утро вработените одбиле да ја пуштат внатре.

И објасниле дека нејзиното друштво лошо влијаело на Чита.

„Тоа шимпанзо секој ден е со својата група, но тие не сакаат да го прифатат затоа што тој избира човечко друштво кога ќе му се укаже можност. Кога ќе се зближи толку со човек, другите шимпанза автоматски го отфрлаат. Овој потег е направен за негово добро и заштита“, рекле од зоолошката.

Тие објасниле дека во еден момент Чита бил нападнат од другите шимпанза и едвај успеале да го спасат. Ади вели дека ѝ е скршено срцето. Таа побарала помош и преку медиумите, каде што раскажала за нејзината несудена љубов.

„Знам дека тој ме сака. Го сакам и јас него. Немам никој друг. Не знам зошто ми го прават ова. Тој има 38 години, а шимпанзата во просек живеат по 40 години. Ако веќе не го сменил своето однесување, тоа нема ни да го направи во иднина“, рече Ади, која со Чита била во врска 4 години.

Scroll to Top