(Фото) Бившата жена на најбогатиот човек на светот се oмажи за наставник по хемија

Мекензи Скот, поранешната жена на Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, се омажи со Дан Џевет, наставник по хемија во Сиетл. Веста за нивната венчавка ја објави Дан, преку соопштението до веб-страницата на непрофитната организација Giving Pledge.

Тој во писмото напиша дека никогаш не помислувал дека еден ден ќе биде во позиција да им дава  средства на другите и дека ќе може да ги подобри туѓите животи.

Џевет е наставник со децении и до неодамна предаваше хемија во приватното училиште Лејксајд, каде што учеа децата на Скот.

„И сега, по среќна случајност, јас сум оженет со една од најдарежливите и најљубезни личности што ги познавам и ѝ се придружувам во обврската да предадам огромно финансиско богатство за да им служам на другите“, напиша Џевет.

Мекензи најголемиот дел од богатството го стекна по разводот. Таа, откако донираше 1,68 милијарди американски долари на 116 непрофитни организации, универзитети, групи за развој на заедницата и правни организации минатиот јули, Скот побара тим од советници да ѝ помогнат да ја „забрза“ нејзината помош во 2020 година, давајќи им директна помош на оние што се финансиски уништени од пандемијата.

Скот донира 5,7 милијарди долари во 2020 година, на 512 организации, вклучувајќи банки за храна, организации за човечки услуги и добротворни организации за правда меѓу различните раси.

Таа беше втора меѓу 50-те Американци кои дадоа најмногу во добротворни цели минатата година, според извештајот на „Хроника на филантропијата“. Прв на листата беше нејзиниот некогашен маж, Џеф Безос, а донираше 10 милијарди долари за лансирање Bezos Earth Fund.

Scroll to Top