Во центарот на Сплит се појави страшен графит со порака упатена до Новак Ѓоковиќ. На графитот пишува „Да умреш од неа, тоа ни е желба, поздрав од Сплит, Бог да ни помогне“.
За потсетување, Ѓоковиќ деновиве е цел на напади кои стигнуваат од сите страни од светот. Тој поради организацијата на „Адрија тур“ во Белград и Задар, стана цел на критики од медиумите, колегите, јавните личности, навивачите и аналитичарите.
Интересно, графитот се појави само еден ден откако легендарниот кошаркар од Сплит Дино Раџа застана во одбрана на Ноле. Тој со сјаен текст му даде поддршка на Ѓоковиќ, кој во вторникот објави дека е позитивен на коронавирус.