Селма Селман, уметничка со потекло од Босна, уринирала на тревник во германскиот град Вајмар. Фотографиите ги објавила на „Фејсбук“.
Својот перформанс го нарекла „Да ви се помочам на земјата“. Со тоа сакала да го прикаже ослободувањето на самата себе. Тревата на која уринирала се наоѓала на плоштадот на Хитлер. Селма, која има ромско потекло, сака да го сврти вниманието на јавноста кон геноцидот на ромскиот народ. Тој е дискриминиран до ден денес.
Повод за ваквиот потег бил Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот над Ромите за време на Втората светска војна.
„Ромите и сите други малцинства имаат право да трагаат и да го обележат своето човечко постоење. Овој мој потег ги препознава животот и човечноста на сите жртви со или без признание на официјалната историја“, додала таа во описот на сликата.
Уметничката денес живее во Њујорк и студира на престижниот универзитет Syracuse. Селма се занимава со испитување на положбата на Ромите.