(Фото) Џил Бајден со внукот ја дочекаа новогодишната елка во Белата куќа

Првата дама на САД, Џил Бајден заедно со нејзиниот внук Бо, ја дочекаа новогодишната елка во Белата куќа. Сопругата на американскиот претседател Џо Бајден ја продолжи долгогодишната празнична традиција создавајќи нови спомени. Годишната презентација на елката трае 56 години.

Таа е висока 18 метри и беше донесена до вратата со пар коњи од Клајдсдејл. Елката е одгледувана во Северна Каролина од Расти и Бо Естес, трикратни победници на големото првенство на Националната асоцијација за новогодишни елки во 2021 година.

Таа ќе биде поставена во Сината соба и ќе биде украсена за да одговара на сè уште неоткриената тема за празничната сезона.

Џо и Џил Бајден неделава ќе се вратат во Нантакет за да го прослават Денот на благодарноста, што претставува семејна традиција што ја прескокнаа во 2020 година поради пандемијата.

Семејството Бајден од на одмор на островот Масачусетс уште од 1975 година, а таму беа и кога Џо беше сенатор од Делавер и потпретседател, а Џил втора дама на САД.

Минатата година, среде пандемијата, тие го поминаа Денот на благодарноста во нивниот дом во Рехобот Бич, Делавер, со ќерката Ешли Бајден и нејзиниот сопруг, д-р Хауард Крајн.

Scroll to Top