Навивачите на Пари Сен-Жермен ја нападнаа колумбиската пејачка Шакира и ја нарекоа проститутка, пред реванш-натпреварот од Лигата на шампионите што ПСЖ го играше против Барселона. Тие ја навредуваа Шакира поради нејзиниот партнер Жерар Пике, кој е член на шпанскиот клуб.
Ултрасите на ПСЖ објавија на „Твитер“ неколку фотографии од подготовките за мечот, на кој не присуствуваа, па освен што го навредуваа и исмејуваа противничкиот клуб, направија и банер на кој пишуваше: Shakira a la Jonquera. Со ова тие алудираа на градот Жонкера на границата помеѓу Шпанија и Франција, кој е познат по проституцијата.
https://twitter.com/PanameReBirth/status/1368613900262998017?