Глечер речиси четири пати поголем од Њујорк се одвои од Антарктикот и на тој начин стана најголемиот леден брег на светот, соопштиле од Европската вселенска агенција.
Според наводите на експертите, станува збор за брег од 4.320 квадратни километри, кој е долг околу 175 километри, а широк околу 25 километри.
Новоформираниот брег кој е наречен А-76, бил забележан неодамна на сателитските снимки кои ја ги снимила Мисијата на Коперник Сентинел-3.
Вкупната површина на копното и водата во Њујорк изнесува 1.213 квадратни километри, додека шпанскиот остров Мајорка на Медитеранот зазема површина од 3.640 квадратни километри.
Огромната површина на брегот А-76 се одделила од делот на Антарктикот познат како Рона и се рангира меѓу моментално најголемите санти мраз на планетата.
Исто така го надмина познатиот А-23А со површина од 3.380 квадратни километри. Брегот плови низ морето Ведел.
Уште еден голем брег кој му се заканувал на остров населен со пингвини, на крајниот југ на Јужна Америка, изгубил многу од својата површина и се скршил на неколку дела, изјавија научниците претходно оваа година, пишува „Гардијан“.
А-76 првпат го откри британска експедиција, а американскиот Национален леден центар со седуште во Мериленд го потврди неговото постоење со помош на снимките на Мисијата на Коперник Сентинел-3.
Ледената плоча Рона се наоѓа на страната на Антарктичкиот Полуостров и е една од најголемите, од неколку огромни лебдечки ледени плочи кои се поврзани со копното и се протегаат на околните мориња.
Периодичното одвојување на големите делови на тие ледени плочи е дел од природниот циклус, тврдат научниците. Но, некои ледени плочи кои се дел од Антарктичкиот Полуостров, претрпеле големи одвојувања, а научниците веруваат дека ваквите феномени се поврзани со глобалното затоплување.