(Фото) Го направи најголемиот мурал во чест на Новак Ѓоковиќ

Академскиот сликар од Сараево, Милош Поповиќ, направил импресивен мурал од Новак Ѓоковиќ на една станбена зграда во Трново.

Муралот е висок осум метри, а на Милош му биле потребни пет дена за да го заврши. Поповиќ вели дека веројатно се работи за најголемиот мурал на светот, кој му е посветен на српскиот тенисер.

„Со оглед на тоа дека Новак е број еден во светот на спортот, ова претставува глобална порака. Верувам дека сите што ќе ја посетат оваа мала општина, ќе ја искористат можноста да се сликаат покрај муралот и така барем на кратко да го поминат времето во ова мало место“, вели Поповиќ.

 
Scroll to Top